Skip to main content

Посебна изјава за заштита на приватноста – Европски младински портал

 

ЗАШТИТА НА ТВОИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ 
Оваа изјава за заштита на приватноста содржи информации за 
обработката и заштитата на твоите лични податоци.

 

Процес на обработка: Посебна изјава за заштита на приватноста – Европски младински портал (ЕМП)

Контролор на податоци: ГД.ОМСК.Б3 – Генерален директорат за образование, млади, спорт и култура (ГД ОМСК) / Директорат Б – Млади, Образование и Еразмус+/ Оддел Б.3 – Млади и волонтерска солидарност

Референтен број на запис:DPR-EC-00371.3

 

1.    ВОВЕД

Европската комисија (во понатамошниот текст "Комисијата") се обврзува да ги заштити твоите лични податоци и да ја почитува твојата приватност. Комисијата собира и понатаму обработува лични податоци во согласност со Регулативата (ЕУ) 2018/1725 на Европскиот парламент и на Советот од 23 октомври 2018 година за заштита на физичките лица во однос на обработката на лични податоци од страна на институциите, органите, канцелариите и агенциите на Унијата и за слободно движење на такви податоци (ставање вон сила на Регулативата (ЕЗ) 45/2001).

Во оваа изјава за приватност се објаснува зошто Комисијата ги обработува твоите лични податоци, како ги собира, како постапува со нив и обезбедува заштита на сите твои лични податоци и какви права имаш во поглед на твоите лични податоци. Исто така наведени се и податоците за контакт на надлежниот контролор на податоци на кого можеш да му се обратиш за да би ги остварил твоите права, службеникот за заштита на податоците и Европскиот надзорник за заштита податоците.

Во продолжение се информациите за постапката на обработка DPR-EC-00371.3, во врска со Европскиот младински портал (ЕМП) и поврзаните интернетски услуги, како што се интернет- страници и апликации за мобилни телефони, кои ги спроведува Генералниот директорат за образование, млади, спорт и култура (ГД ОМСК) / Директорат Б – млади, образование и Еразмус +/ оддел Б.3 – млади и волонтерска солидарност (ГД ОМСК.Б.3).

 

2.    ЗОШТО И КАКО ГИ ОБРАБОТУВАМЕ ТВОИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?

Цел на постапката за обработка: ГД.ОМСК.Б.3 ги собира и употребува личните податоци за да им обезбеди информации и можности на младите низ Европа во врска со темите на програмите на ЕУ за младите.

Целите за собирање на податоци се:

  • Овозможување на информации

    • Наведување на информации за контакт (во форма на име и презиме и / или адреси на е-пошти на луѓе поврзани со статии, настани или вести) на јавноста.

    • Да им се овозможи на овластените корисници да се регистрираат на ЕМП како автори / уредници и спрема потребата да обезбедат техничка помош.

  • Образец за поставување на прашања

    • Да им се овозможи на поединците да постават прашање преку ЕМП и да добијат одговор од Евродеск Брисел Линк, мрежата на Евродеск и/или администраторите на ЕМП.

  • Европски солидарен корпус

    • Да им се овозможи на младите да се пријават за учество во Солидарниот корпус наведувајќи ги нивните основни лични информации и податоци за контакт. Исто така, на регистрираните членови на корпусот ќе им се овозможи и доброволно да достават дополнителни информации за контакт, поединости за нивните преференци во поглед на видовите активности за кои би биле заинтересирани, како и вештини и искуство што можат да ги пренесат на активностите, резиме на нивното образование и вработување како и сите претходни волонтерски искуства.

    • Да им се овозможи на регистраните членови на корпусот да добиваат пораки по е-пошта, билтени и други известувања поврзани со Солидарниот корпус и други иницијативи на Европската комисија/надвор од Европската комисија насочени кон младите, како и анкети и други методи за собирање повратни информации од регистраните членови. Регистрираните членови на корпусот можат да одредат кои соопштенија сакаат да ги добиваат.

    • Да му се овозможи на корпусот да им обезбеди можности за обука на регистрираните членови на корпусот.

    • Да им се овозможи на регистраните членови на корпусот да даваат повратни информации за услугите и процесите.

    • Да им се овозможи на учесниците во корпусот да ги евидентираат своите исходи од неформалното учење во надворешната алатка "Youthpass"

    • Да им се овозможи на регистрираните членови на Корпусот да комуницираат меѓусебно преку функциите за градење на заедницата на мобилната апликација на Корпусот. Тоа вклучува можност да објавуваат содржини генерирани од корисниците поврзани со нивните искуства во корпусот, како и да ги прегледуваат и да даваат коментари на објавите на другите регистрирани членови, да ги споделуваат сопствените објави на социјалните медиуми, да пребаруваат/да се пријавуваат за активности, да учествуваат во натпревари и да ја користат функцијата за разговори еден на еден. Тие исто така можат да ги пријават објавите поврзани со нив, на администраторите на корпусот. Тие објави мора да бидат во согласност со условите за користење на Европскиот младински портал, кои се достапни на интернет. Тие исто така можат да постават аватар на нивниот профил и да ја наведат нивната моментална локација.

    • Да им се овозможи на овластените претставници на организациите кои се овластени за водење на активностите на корпусот да ги одржуваат профилите на своите организации, вклучувајќи ги и имињата и презимињата и/или адресите на е-пошта на лицата поврзани со организациите и нивните активности во корпусот.

    • Да им се овозможи на овластените претставници на организациите овластени за водење на активностите на корпусот да пребаруваат во базата на податоци на регистрираните членови на корпусот со цел да најдат потенцијални волонтери за активностите на корпусот, споредувајќи ги деталите за предложената активност со личните податоци и преференциите на регистрираните членови на корпусот.

    • Да им се овозможи на тие овластени претставници да ги контактираат избраните кандидати, ако тие регистрирани кандидати се согласат да ги контактира организацијата.

    • Да им се овозможи на овластените претставници да им понудат посебни активности на регистрираните кандидати на корпусот и да управуваат со дадените понуди.

    • Да им се овозможи на администраторите на корпусот да управуваат со базата на податоци на регистрираните членови на корпусот и да им обезбедат помош на истите.

    • Да им се овозможи на националните агенции одговорни за спроведување на Еразмус+ и на Европскиот солидарен корпус да ги извршуваат проверките, ревизиите и евалуациите на проектите кои добиваат поддршка од ЕУ, во кои се вклучени регистрираните субјекти и да им пружаат помош на овластените претставници на организациите преку пристап до базата на податоци на корпусот.

    • Да им се овозможи на администраторите на корпусот да ги управуваат активностите на корпусот и постапките на пребарување/совпаѓање на корпусот и да им пружаат помош на овластените претставници на организациите овластени да ги извршуваат активностите на корпусот.

    • Да им се овозможи на администраторите на корпусот и на другите доверливи страни да им испраќаат информации и известувања на регистрираните членови на корпусот и овластените претставници на организациите за корпусот и за другите со него поврзани активности.

    • Да им се овозможи на администраторите на корпусот да ги анализираат податоците за регистраните членови и повратните информации добиени од нив.

    • Да им се овозможи на администраторите на корпусот да ги прегледуваат објавите и коментарите кои се поднесени или пријавени од страна на регистраните субјекти и да преземат неопходни мерки ако тие не се во согласност со условите за користење на Европскиот портал за млади.

    • Да им се овозможи на делегациите на ЕУ да бидат информирани за учесниците во корпусот, кои се распоредени во земјите каде што се наоѓаат тие делегации.

  • База на податоци за организации и можности

    • Наведување на податоци за контакт на јавноста (во форма на име и презиме и/или адреси на е-пошти на луѓе поврзани со организациите на Европскиот корпус за солидарност кои поседуваат ознака за квалитет).

    • Да им се овозможи на организациите на Европскиот солидарен корпус кои поседуваат ознака за квалитет, да управуваат со објавените податоци за контакт на своите организации.

    • Да им се овозможи на организациите на Европскиот солидарен корпус кои поседуваат ознака за квалитет да ги огласуваат своите можности на потенцијалните кандидати и да им се овозможи на младите да стапат во контакт со тие организации.

    • Да им се овозможи на администраторите на ЕМП да им пружат техничка помош на организациите.

  • DiscoverEU

    • Да им се овозможи на младите да се пријават за иницијативата со наведување на нивните основни лични информации, податоци за контакт, како и дополнителни информации поврзани со патувањето (види го делот "Кои лични податоци ги собираме во Европскиот младински портал?").

    • Да им се овозможи на кандидатите да добиваат пораки по е-пошта и други известувања поврзани со иницијативата DiscoverEU и други иницијативи на Европската комисија/надвор од Европска комисија насочени кон младите, како и анкети и други методи за собирање на повратни информации од кандидатите, да добијат понатамошна комуникација, материјали за кампања, покани за настани поврзани со иницијативи на Ек/надвор од ЕК, само откако кандидатите ќе ја дадат нивната соодветна (писмена)изричита согласност на Европската комисија и нејзините овластени изведувачи да стапат во контакт со нив.

    • Да им се овозможи на администраторите на DiscoverEU и на овластениот изведувач да контактираат со избраните кандидати и кандидатите од резервната листа преку е-пошта или телефон.

    • Да им се овозможи на националните агенции одговорни за спроведувањето на Еразмус+ да контактираат со избраните кандидати и кандидатите од резервната листа преку е-пошта или телефон за да испратат покани за настани.

    • Да им се овозможи на печатените, телевизиски или радио медиуми избрани од Европската комисија да контактираат со избраните кандидати, само откако избраните кандидати ќе ја дадат својата изричита согласност да бидат контактирани.

    • Да му се овозможи на овластениот изведувач да понуди патна пропусница на секој избран кандидат.

    • Да им се овозможи на администраторите на DiscoverEU да имаат пристап до интернетски зачуваните податоци на кандидатите и да продолжат со селекцијата на кандидатите, како и да им се обезбеди помош на кандидатите на DiscoverEU (второ ниво на поддршка). Првото ниво на поддршка ќе ја овозможи Евродеск.

    • Да им се овозможи на администраторите на DiscoverEU да ги анализираат податоците на кандидатите како и повратните информации добиени од кандидатите.

    • Да му се овозможи на овластениот изведувач да понуди европска младинска картичка (ЕМК) на секој кандидат кој не е изберен (на основа на нивната согласност).

Општи напомени:

За некои од гореспоменатите карактеристики, Европскиот младински портал и неговите под-портали од време на време организираат натпревари, за кои може да биде потребно давање на лични податоци. Учеството во таквите натпревари е потполно доброволно; потенцијалните учесници се известуваат за сите импликации во поглед на личните податоци пред поднесувањето.

За да пристапат кон некои функционалности, од корисниците може да се побара да се пријават и да се автентицираат пред да можат да ги користат овие функции. За таа цел, ЕМП може да го користи системот на Европската комисија за управување со идентитет (ИМС), преку системот EU Login. Тој систем има своја Изјава за заштита на приватноста.

Европската комисија и организациите одговорни за спроведување на карактеристиките на Европскиот младински портал нема да ги обработуваат собраните лични податоци за било која друга цел освен претходно опишаните погоре.

Твоите лични податоци нема да се употребуваат за автоматизирано донесување на одлуки, вклучувајќи и правење на профил.

 

Главните правни основи за обработка на лични податоци за карактеристиките на Европскиот портал за млади се Регулативата (ЕУ) 2021/888 за воспоставување на програмата на Европскиот корпус за солидарност и за ставање вон сила на Регулативите (ЕУ) 2018/1475 и (ЕУ) Бр.375/2014, Регулативата (ЕУ) 2021/817 за воспоставување на програмата "Еразмус+" и за ставање вон сила на Регулативата (ЕУ) Бр. 1288/2013, и Одлуката на Европската комисија за годишните работни програми за 2018, 2019 и 2020 година за подготвителната акција на „DiscoverEU: бесплатни патни пропусници за Европјаните кои навршуваат 18 години”.

Ние ги обработуваме твоите лични податоци затоа што: 

(а) обработката е неопходна за извршување на задача од јавен интерес или за извршување на службени овластувања доделени на институцијата или телото на Унијата;

(б) обработката е неопходна заради исполнување на правната обврска на која и подежи контролорот;

(ц) носителот на податоците, дал/а согласност за обработка на неговите или нејзините лични податоци за една или повеќе одредени цели.

Следниве активности за обработка се засноваат на (писмена)изричита согласност на учесниците: 

  • Употреба ги податоците за контакт на учесниците (адреси на е-пошта) за да им се овозможи на кандидатите да добиваат пораки по е-пошта и други известувања поврзани со иницијативата DiscoverEU и други иницијативи на Европската комисија/надвор од Европска комисија насочени кон младите, како и анкети и други методи за собирање на повратни информации од кандидатите, да добијат понатамошна комуникација, материјали за кампања, покани за настани поврзани со иницијативи на Ек/надвор од ЕК, само откако кандидатите ќе ја дадат нивната соодветна изречита согласност на Европската комисија и нејзините овластени изведувачи да стапат во контакт со нив.

  • Да им се овозможи на печатените, телевизиски или радио медиуми избрани од Европската комисија да контактираат со избраните кандидати, само откако кандидати ќе ја дадат својата изречна согласност да бидат контактирани.

  • Обработка на личните податоци за да му се овозможи на овластениот изведувач да понуди европска младинска картичка (ЕМК) на секој кандидат кој не е одберен (врз основа на нивната согласност).

  • Овозможување на информации за статии, вести, настани и приказни. Тие рачно се внесуваат и одржуваат од страна на Евродеск Брисел Линк и мрежата на националните организации на Евродеск. За прикажување и објавување на лични податоци во овие статии, вести, настани и приказни, потребна е изричита согласност од засегнатите лица.

  • За да им се овозможи на регистрираните членови/учесници во корпусот, да ги следат конкурсите преку мобилната апликација. Мобилната апликација на Европскиот солидарен корпус ги одразува некои од карактеристиките на ЕМП. Последователно оваа изјава за заштита на приватноста ја опфаќа и апликацијата. Веднаш штом регистрираните членови/учесници учествуваат на конкурсот, нивната согласност ќе биде активно побарана во апликацијата.

Согласноста за обработка на личните податоци за целите наведени погоре ја даваат носителите на податоци веднаш штом се регистрираат во корпусот или се пријават за учество во иницијативата DiscoverEU со означување на полето, кое не е автоматски означено. Во однос на содржината објавена на Европскиот младински портал, согласност се дава преку обрасци за согласност, кои се потпишуваат пред објавувањето на содржината.

 

4.    КОИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ГИ СОБИРАМЕ И ПОНАТАМУ ГИ ОБРАБОТУВАМЕ? 

Со цел да ја спроведе оваа постапка за обработка ГД.ОМСК.Б.3 ги собира следните категории на лични податоци:

  • Овозможување на информации

    • Поединци од јавноста поврзани со дадена статија, настан или вест: Име, презиме, адреса на е-пошта.

    • Вработените во Евродеск Брисел Линк или во мрежата на националните организации на Евродеск: Име, презиме, адреса на е-пошта, држава.

  • Образец за поставување на прашања

    • Поединци од јавноста кои одлучат да постават прашање преку посебен образец треба да го наведат своето име и адреса на е-пошта.

  • Европски солидарен корпус

    • Поединци од јавноста кои одлучат да се приклучат на корпусот мора да ги достават следните основни информации: име, презиме, датум на раѓање, пол, земја на законско престојување, државјанство, адреса на е-пошта, посакуван јазик за контакт, видови на активности на корпусот за кои се заинтересирани, претходно знаење и искуство, како и назнака дека ја прифаќаат мисијата и принципите на корпусот.

    • По начелниот процес на регистрација за да му се приклучат на корпусот, тие можат доброволно да достават дополнителни информации за себе: поштенска адреса, телефонски броеви, резиме на образование и работно искуство, детали за претходно волонтерско искуство, јазични вештини, достапност за активностите на корпусот, мотивација за волонтерство во некоја од активностите на корпусот, мотивација за учество во некоја од активностите на корпусот, посакувани земји во кои сака да се волонтира, посакувани професии, дополнителни информации што корисникот сака да ги даде, подготвеност да се примаат пораки по е-пошта, билтени, известувања и други известувања од корпусот. Кога поднесуваат пријава за некоја можност објавена од страна на организациите, тие исто така можат да достават дополнителни информации кои организациите може да ги побараат.

    • Тие исто така можат да постават лична биографија во форма на документ, при што се подразбира дека сите информации содржани во личната биографија, вклучувајќи ги и податоците за контакт и сите други лични податоци, ќе им бидат достапни на претставниците на организациите овластени да ги спроведуваат активностите на корпусот, кои можат да ги користат како дел од нивните процеси за избор на членови за нивните активности.

    • Преку мобилната апликација на корпусот, тие исто така можат да објавуваат содржини кои се изработени од корисниците, а кои се поврзани со нивното искуство во корпусот и да даваат коментари на објавите направени од други членови. Тие објави мора да бидат во согласност со условите за користење на Европскиот младински портал.

    • Тие исто така можат да постават аватар на нивниот профил во мобилната апликација на корпусот, да ја наведат нивната моментална локација како и да пребаруваат и да се пријавуваат за активности.

    • Со употреба на мобилната апликација на корпусот, дополнителни податоци поврзани со корисничките идентификатори (идентификатор на корисникот, идентификатор на уредот), употреба (интеракции со производот: покренувања на апликации и прегледани страници, како и други податоци за употреба: тип на уредот и пребарувачот) и дијагностика (податоци за падови на системот).

    • Европскиот солидарен корпус ќе служи како платформа со цел да се олесни обединувањето на организациите и поединците, а ГД ОМСК нема да спроведува евалуација на личните аспекти на .субјектот на податоци.

    • Овластени претставници на организации овластени за проведување на активностите на корпусот: име, презиме, корисничко име, адреса на е-пошта, организација(и) со кои лицето има право да управува, прифаќање на мисијата и принципите на корпусот.

  • База на податоци за организации и можности

    • Поединци од јавноста поврзани со организациите на Европскиот солидарен корпус кои поседуваат ознака за квалитет: Име, презиме, адреса на е-пошта.

    • Раководители на организацијата: име, презиме, корисничко име, адреса на е-пошта, организација(и) со кои лицето има право да управува.

  • DiscoverEU

    • Поединечни членови кои одлучат да се приклучат на корпусот мора да ги достават следните основни информации: име, презиме, датум на раѓање, пол, земја на законски престој, државјанство, адреса на е-пошта, број на лична карта или пасош, телефонски број, професија. Кандидатите исто така мора да одговорат на низа прашања поврзани со патувањето, како што е посакуваниот временски период на патување, ако за прв пат патуваат во друга земја членка на ЕУ, ако за прв пат патуваат без нивните родители/старатели, што би сакале да научат од ова искуство, кои активности би сакале да ги обават за време на нивното патување, како би ги финансирале своите трошоци и како дознале за иницијативата.

    • Во случај на групна пријава, водителот/ката на групата мора да ги достави истите информации, по што ќе се генерира код, кој ќе го употребат другите членови на групата за пополнување нивните лични податоци.

    • Адресата на е-пошта и телефонскиот број на избраните кандидати може да се споделат со медиумските институции одбрани од Европската комисија по изричита согласност од кандидатите да бидат контактирани од медиумите, како и со претставништвата на Европската комисија и Службата за портпаролот на Европската комисија (ПЕК). Откако кандидатите се согласат да ги достават своите адреси на е-пошта на медиумските институции, тие треба да бидат свесни дека подлежат на соодветната изјава за заштита на приватноста на одредената надлежна медиумска институција.

    • Европската комисија може да ги сподели личните податоци на избраните кандидати од иницијативата DiscoverEU (конкретно, име, презиме, адреса на е-пошта, телефонски број, датум на раѓање, земја) со својот овластен изведувач кој е одговорен за комуникациските активности, на пример, за испраќање на покани за настани или резервација на патна карта за присуствуво на настани.

    • Европската комисија може да ги сподели личните податоци на избраните кандидати и на кандидатите кои се ставени на резервната листа на DiscoverEU (конкретно, име, фамилија, е-пошта, телефонски број, датум на раѓање, земја) со националните агенции за Еразмус+ со цел испраќање покани за настани.

    • Европската комисија може да ги сподели личните податоци на кандидатите кои не се избрани за учество во DiscoverEU (конкретно име, адреса на е-пошта, телефонски број, датум на раѓање, земја) со изведувачот за да може да им биде доделена картичката ЕМК-Европска младинска картичка.

Давањето на лични податоци е задолжително само со цел да се исполнат барањата за учество во програмите DiscoverEU и Европскиот солидарен корпус. Ако не ги дадете вашите лични податоци, нема да можете да учествувате во програмите.

 
5.    КОЛКУ ДОЛГО ГИ ЧУВАМЕ ТВОИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?

ГД.ОМСК.Б.3 ги чува твоите лични податоци само за време потребно за исполнување на целта на собирање или понатамошна обработка.

Личните податоци вклучени во статии, вести, приказни и настани ќе бидат архивирани, заедно со изворната содржина, во рок од две години од датумот на повлекувањето од објава на статијата. 

Личните податоци содржани во корисничките сметки создадени за уредници и автори на Европскиот младински портал, ќе се архивираат две години откако корисниците последен пат се пријавиле на ЕМП користејќи ги овие сметки.

Личните податоци содржани во корисничките сметки на Европскиот солидарен корпус, се бришаат три години откако корисникот ќе ја достигне горната возрасна граница за право на учество во корпусот, освен ако корисникот се согласил да се приклучи на било која програма на бивши учесници или алумни, која во тој момент можеби е воспоставена, ако изразил интерес преку е-пошта за задржување на корисничката сметка или примил средства од ЕУ преку учество во програмата, во кој случај податоците се чуваат 5 години од последната финансиска трансакција според општата листа за чување.

Личните податоци наведени во пријавите на кандидатите кои не се избрани за учество во иницијативата DiscoverEU, се бришаат две години по поднесувањето на пријавата, освен ако кандидатите изразиле интерес да бидат известени/вклучени во други услуги на Европскиот младински портал, и во тој случај податоците се чуваат најмногу пет години. По тој период, нивните лични податоци ќе бидат анонимизирани и ќе се чуваат само за статистички цели. 

Личните податоци содржани во пријавите на корисниците кои се избрани за DiscoverEU ќе бидат избришани 5 години од датумот на резервирање на патувањето според заедничката листа за чување, освен ако корисникот не изразил интерес за повлекување од статусот на "избран корисник" и ако не примил финансиски средста од ЕУ во рамки на иницијативата, во кој случај податоците се чуваат најмногу 2 години.

 
6.    КАКО ГИ ШТИТИМЕ И ЧУВАМЕ ТВОИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?

Сите лични податоци во електронски формат (е-пошта, документи, бази на податоци, поставени групи на податоци итн.) се чуваат на серверите на Европската комисија. Сите постапки на обработка се извршуваат во согласност со Одлуката на Комисијата (ЕС, Еуратом) 2017/46 од 10 јануари 2017 година, за сигурност на комуникациските и информациските системи во Европската комисија.

Изведувачите одберени од Комисијата, се обврзани со посебна договорна клаузула за сите постапки на обработка на твоите податоци во име на Комисијата, како и за обврските за доверливост кои произлегуваат од Општата уредба за заштита на податоците (‘ОУЗП’ Уредба (ЕУ) 2016/679).

Европски солидарен корпус:

Со прифаќање на оваа посебна изјава за заштита на приватноста, организацијата овластена да ги води активностите на корпусот се согласува да ги користи информатичките системи на Европскиот солидарен корпус, исклучиво за барање на регистрани членови на корпусот за активности, како и за контактирање на регистрани членови на корпусот и давање понуди за активност. Тие активности може да бидат на сопствена иницијатива или на иницијатива на друга организација која ја официјално ја претставува овластената организација.

Поконкретно, овластената организација се обврзува да усвои технички и оперативни сигурносни мерки релевантни за ризикот поврзан со обработката на личните податоци на регистраните членови или субјекти со следната цел:

  • да спречи пристап на неовластени лица до компјутерските системи за обработка на лични податоци, а особено

    • неовластено читање, копирање, менување или отстранување на носачите за складирање на податоци;

    • неовластено внесување на податоци, како и неовластено откривање, менување или бришење на зачувани лични податоци;

    • неовластени лица кои ги користат системите за обработка на податоци преку средства за пренос на податоци;

  • да осигура дека овластените корисници на системот за обработка на податоци имаат пристап само до личните податоци, за кои се однесува нивното право на пристап;

  • да запишува кои лични податоци биле соопштени, кога и на кого;

  • да осигура дека личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите за заштита на податоците утврдени во националното законодавство;

  • да осигура дека во текот на соопштување на лични податоци и транспорт на носачите за складирање на податоците, тие не можат да бидат прочитани, копирани или избришани без дозвола;

  • да ја проектира својата организациска структура така да ги исполнува барањата за заштита на податоците.
    Со цел да ги заштити твоите лични податоци, Комисијата има воспоставено голем број технички и организациски мерки. Техничките мерки вклучуваат соодветни акции за решавање на безбедноста на интернет, ризикот од губење на податоци, менување на податоците или неовластен пристап, земајќи го во предвид ризикот поврзан со обработката, и природата на обработените лични податоци. Организациските мерки вклучуваат ограничување на пристапот до личните податоци единствено на овластените лица со легитимна потреба да знаат за целите на таа постапка на обработка.

 
7.    КОЈ ИМА ПРИСТАП ДО ТВОИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И НА КОЈ МОЖЕ ДА СЕ РАЗОТКРИЈАТ?

Пристап до вашите лични податоци му е овозможен на персоналот на Комисијата кој е одговорен за спроведување на оваа постапка за обработка и на овластениот персонал според принципот на „нужен пристап“. Таквиот персонал ги почитува законските и, според потреба, дополнителните спогодби за доверливост.

  • Овозможување на информации

    • Широката јавност ќе ги види релевантните лични податоци за контакт на сите лица, кои се овластените уредници на ЕМП ги додале на статии, вести или настани, на пример лицето за контакт со јавноста за даден настан или вест.

    • Тие детали исто така се достапни и на персоналот на Евродеск во Евродеск Брисел Линк и мрежата на националните организации на Евродеск.

    • Администраторите на EМП исто така имаат пристап до тие информации.

  • Образец за поставување на прашања

    • Податоците за контакт ќе бидат достапни за Евродеск Брисел Линк и мрежата на националните организации на Евродеск и администраторите на ЕМП.

  • Европски солидарен корпус

    • Широката јавност ќе ги види личните податоци за контакт на претставниците на организациите овластени да водење на активностите на корпусот, ако самата организација ја додаде оваа информација на својот профил на корпусот објавен на интернет-страниците на корпусот.

    • Широката јавност, исто така, ќе ги види и содржините изготвени од корисниците како и коментарите кои регистрираните субјекти ги објавиле и споделиле за своето искуство во корпусот, како и нивниот аватар и локација, ако се наведени.

    • Регистрираните субјекти на корпусот можат да ги прегледуваат и чуваат своите лични податоци со пријавување на нивната сметка на Европскиот солидарен корпус. Тие се одговорни за квалитетот на своите податоци и имаат право да ја избришат својата сметка во било кое време.

    • Преку мобилната апликација на корпусот, регистрираните членови на корпусот, исто така можат да ги прегледуваат, споделуваат, уредуваат и бришат објавите за нивното искуство во корпусот. Тие исто така можат да ги гледаат и коментираат објавите кои се поднесени од други регистрирани субјекти и да ги пријават објавите на администраторите на корпусот ако сметаат дека ги прекршуваат условите и правилата за употреба. Регистраните субјекти на корпусот исто така можат да го постават, изменат или избришат својот аватар профил и локација на мобилната апликација на корпусот.

    • Личните податоци на регистраните субјекти на корпусот се достапни на овластените претставници на организациите овластени за водење на корпусот

    • Личните податоци на регистраните субјекти на корпусот се достапни на националните агенции одговорни за спроведување на програмата Еразмус+ и на Европскиот солидарен корпус, за да им пружат помош на овластените претставници на организациите, како и за целите на спроведување на проверки, ревизии и евалуации на проекти кои добиваат поддршка од ЕУ и во кои се вклучени регистраните субјекти.

    • Личните податоци на регистраните членови на корпусот исто така се достапни за администраторите на корпусот и администраторите на различните програми на ЕУ, преку кои овластените организации му овозможуваат активности на Европскиот солидарен корпус.

    • Личните податоци можат да се споделуваат со други служби на Европската комисија кои би можеле да бидат заинтересирани да контактираат со регистраните субјекти.

    • Личните податоци на избраните кандидати може да бидат споделени со печатени, телевизиски или радио медиуми избрани од Европската комисија по изричита согласност на избраните кандидати.

    • Ограничени лични податоци на регистраните субјекти на корпусот (име, презиме, датум на раѓање, земја на престој, државјанство, адреса на е-пошта) може да се испратат до други алатки управувани од ГД ОМСК и кои се достапни за овластените организации, националните агенции и администраторите на корпусот.

    • Ограничени лични податоци на учесниците во корпусот (име, презиме, датум на раѓање, земја на престој, државјанство, адреса на е-пошта, пол) ќе бидат испратени до изведувачот на Европскиот солидарен корпус, за да управува со осигурителните полиси на учесниците во Европскиот корпус за солидарност. Учесниците ќе бидат покриени од различен осигурувач, во зависност од периодот во кој ќе се одвива нивниот проект. Извествањето за заштита на податоците на CIGNA осигурување е важечко за проекти во периодот 2018-2020 кои се одвиваат во рамките на повеќегодишната финансиска рамка (ПФР) за периодот 2014-2020 и за проекти кои започнале пред 7 февруари 2023 година во рамките на тековната ПФР за периодот 2021-2027. Извествањето за заштита на податоците на Henner осигурување е важечко за проекти кои се реализираат во рамките на актуелниот ПФР за периодот 2021-2027, кој започна на 7 февруари 2023 година.

    • Ограничени лични податоци на учесниците во корпусот (име, презиме, датум на раѓање, адреса на е-пошта, земја на престој) ќе бидат испратени до надворешната алатка "Youthpass" за да им се овозможи на учесниците да ги запишат своите резултати од неформалното учење, ако го сакаат тоа.

    • Ограничени лични податоци на регистрираните членови/учесниците во корпусот (име, презиме, адреса на е-пошта, корисничко име за EU Login, јазик за контакт, земја на престој, град (ако е дефиниран)) кои се заинтересирани да ги следат општите курсеви на интернет за обука или обуката за волонтерство во подрачјето на хуманитарна помош, ќе бидат испратени на платформата на Академијата на ЕУ за да им се овозможи на регистраните членови/учесници да имаат пристап до овие обуки. Регистраните членови/учесниците во корпусот ќе бидат информирани за Известувањето за заштита на податоците за општата обука на интернет пред нивните податоци да бидат пренесени од ЕМП на платформата на Академијата на ЕУ. Оваа платформа има сопствена изјава за заштита на приватноста достапна на нејзината интернет-страница. Покрај тоа, регистрираните лица во Европскиот солидарен корпус кои изразиле интерес за волонтерство во подрачјето на хуманитарна помош ќе имаат можност да следат посебна обука на платформата на Академијата на ЕУ, достапна преку нивниот профил на корпусот. Регистраните лица ќе бидат информирани за Известувањето за заштита на податоците за општата обука на интернет пред нивните податоци да бидат пренесени од ЕМП на платформата на Академијата на ЕУ.

    • Содржината генерирана од корисниците и коментарите објавени од страна на регистрираните лица на корпусот за нивното искуство во корпусот се исто така достапни за администраторите на корпусот.

    • Ограничени лични податоци на учесниците во корпусот (име, презиме, пол, е-пошта, државјанство, земја на престој) може да им се испраќааат на делегациите на ЕУ за да бидат информирани за тоа кој е распореден во земјите каде што се наоѓаат тие делегации.

  • База на податоци за организации и можности

    • Лични податоци за контакт на лица поврзани со организациите на Европскиот солидарен корпус кои поседуваат ознака за квалитет, при што можностите се видливи за широката јавност.

    • Овластените претставници на организациите на Европскиот солидарен корпус кои поседуваат ознака за квалитет можат да пристапат до личните податоци за контакт на лицата поврзани со овие конкретни организации и нивните проекти.

  • DiscoverEU

    • Кандидатот е одговорен за квалитетот на своите податоци.

    • Личните податоци на кандидатите се достапни за администраторите на DiscoverEU.

    • Личните податоци можат да се споделуваат со други служби на Европската комисија кои би можеле да бидат заинтересирани да контактираат со регистраните субјекти.

    • Личните податоци на избраните кандидати може да бидат споделени со печатени, телевизиски или радио медиуми избрани од Европската комисија по изричита согласност на избраните кандидати.

    • Кандидатите избрани од Европската комисија, можат да бидат контактирани преку е-пошта или преку телефон од страна на националните агенции за програмата Еразмус+, или од страна на овластениот изведувач на Европската комисија кој е задолжен за комуникациските активности. Ако е применливо и ако избранот кандидат се согласува со тоа, изведувачот може да резервира патнички билет за избранот кандидат за да присуствува на настан. Изведувачот ќе ги избере најконкурентните и најсоодветните надворешни превозници ( во рамки на главната железница).

    • За потребите на резервациите на патнички билети, изведувачот може да го сподели со кандидатите одредениот организатор на патувањето, и да ги поврзе со обрасците за резервација на интернет на надворешниот превозник, како и со нивната применлива изјава за заштита на приватноста. Кандидатот ќе треба да ги пополни тие обрасци за резервација на билети и да се пријави преку интернет. Имај во предвид дека таквите надворешни превозници не работат под контрола на Европската комисија или на овластенииот изведувач на Европската комисија и дека практиките за заштита на приватноста на тие трети страни може да се разликуваат од оваа изјава за заштита на приватноста. Ниту Европската комисија ниту овластениот изведувач не се одговорни за практиките за заштита на приватноста на овие трети страни или за со нив поврзаните изјави за заштита на приватноста. Избраните кандидати мора да бидат и да останат свесни за изјавите за заштита на приватноста на овие надворешни-трети страни, кога избраните апликанти се согласат за купување или резервација преку интернет-страницата или апликацијата на превозникот. Те охрабруваме да ги прочиташ изјавите за заштита на приватноста на надворешните-трети страни за да дознаете повеќе во врска со нивните практики за заштита на приватноста.

    • За да се добие патната пропусница и пропратните услуги, вклучувајќи ја и резервацијата на патување, избраните учесници (вклучувајќи ги и лицата од резервната листа ако се употреби) ќе бидат информирани за Изјавата за заштита на податоците на иницијативата DiscoverEU пред нивните податоци да се пренесат на овластениот изведувач.

    • Личните податоци на неизбраните кандидати може да се пренесат на изведувачот со цел на добивање на ЕМК картичката.

Покрај тоа, сите лични податоци ќе бидат достапни на:

  • персоналот на единиците на ГД ОМСК одговорни за спроведување на услугите преку Европскиот младински портал;

  • Персоналот на одделот за информатика (ИТ) на ГД ОМСК.

  • Персоналот на други надлежни служби на Европската комисија кои се соодговорни за спроведување на услугите преку Европскиот младински портал.

Личните податоци исто така можат, ако е потребно, да се откријат, на:

  • Персоналот на Службата за внатрешна ревизија на ГД ОМСК

  • Персоналот на ГД за внатрешна ревизија

  • Персоналот на ОЛАФ

Следниве надворешни обработувачи можат да имаат пристап до личните податоци бидејќи се овластени од Европската комисија:

  • Евродеск Брисел Линк(Eurodesk Brussels Link);

  • Национални организации на Евродеск;

  • Овластени организации од Европскиот солидарен корпус;

  • Изведувачот за осигурување на Европскиот солидарен корпус;

  • Национални работни групи за дијалог на ЕУ со младите;

  • Изведувачи и подизведувачи на иницијативата DiscoverEU;

  • Националните агенции за Еразмус+ и Европскиот солидарен корпус (вклучувајќи ја нивната РЕЈ(RAY) мрежа);

  • овластени подизвршители на обработката на националните агенции;

  • Делегации на ЕУ.

Можеш да ги најдеш деталите за контакт на овие надворешни обработувачи преку следнава врска: https://youth.europa.eu/privacy/external-processors_en.  

Освен тоа, ГД ОМСК и ЕИАОК дејствуваат како заеднички контролoри на обработката во врска со иницијативата DiscoverEU, бидејќи тие заеднички ги обработуваат личните податоци на кандидати кои се пријавуваат на Европскиот младински портал за да ги добијат патните пропусници за DiscoverEU.

Меѓународен пренос на податоци: 

Личните податоци на регистраните лица на корпусот, се пренесуваат на организации од трети земји надвор од ЕУ/ЕЕА кои имаат ознака за квалитет на Европскиот солидарен корпус (земји учеснички во програмата и партнерски земји), но за кои не постои одлука за адекватност (вклучувајќи ги и земјите учеснички во програмата - Турција, Србија и Северна Македонија). Во овој случај, нивото на заштита на твоите лични податоци ќе зависи од законот или праксата на таа трета земја. Сепак, твоите права во поглед на заштитата на податоците можеби нема да се еднакви со оние во земја на ЕУ/ЕЕА или земја со одлука за адекватност.

 

8.    КОИ СЕ ТВОИТЕ ПРАВА И КАКО МОЖЕШ ДА ГИ ОСТВАРИШ?

Kако "субјект на податоци“ имаш посебни права согласно со поглавје III (членови 14 - 25) од Регулативата (ЕУ) 2018/1725, особено правото на пристап до твоите лични податоци и нивна исправка доколку тие се неточни или нецелосни. Доколку е применливо, имаш право да ги избришеш твоите лични податоци, да ја ограничиш обработката, да се спротивставиш на обработката, како и на правото на преносливост на податоците.

Се имаш согласено да ги дадеш твоите лични податоци на ГД.ОМСК.Б.3 за таа постапка на обработка. Можеш да ја повлечеш твојата согласност во секое време со праќање на известување до контролорот на податоци. Повлекувањето нема да влијае на законитоста на обработката која е спроведена пред да ја повлечете согласноста.

Своите права можеш да ги оствариш така што ќе се обратиш до контролорот на податоци или, во случај на спор, до службеникот за заштита на податоците. Ако е потребно, можеш да се обратиш и до Европскиот надзорен орган за заштита податоците. Нивните информации за контакт се наведени во точка 9 подолу. 

Ако сакаш да ги оствариш своите права во поглед на една или повеќе конкретни постапки за обработка, наведи ги јасно во барањето (т.е. нивниот број на запис, како што е посочено во точка 10 подолу) во вашето барање.

Откако ќе биде спремна и објавена, оваа изјава за заштита на приватноста е достапна на Европскиот младински портал (https://youth.europa.eu/privacy_en), во одделот "Приватност" во долниот дел. Понатаму, изјавата за заштита на приватноста ќе биде споделена со субјектите на податоци веднаш откако ќе биде позната нивната адреса на е-пошта.

 
9.    ИНФОРМАЦИИ ЗА КОНТАКТ
  • Контролор на податоци
    Ако сакаш да ги оствариш твоите права согласно со Регулативата (ЕУ) 2018/1725, или ако имаш примедба, прашања или забелешки, или ако сакаш да поднесеш жалба во врска со собирањето и употребата на твоите лични податоци, обрати се до контролорот на податоци: Началник на оддел, Канцеларија за млади, волонтерска солидарност и стажирање, Rue Joseph II 70, B-1049, Брисел, е-пошта: [email protected].

  • Службеник за заштита на податоците (СЗП) на Комисијата
    Можеш да се обратиш до службеникот за заштита на податоците([email protected]) за прашања поврзани со обработката на твоите лични податоци согласно со Регулативата (ЕУ) 2018/1725.

  • Европски надзорен орган за заштита на податоците (ЕНОЗП)

Имаш право да се обратиш (т.е. можеш да поднесеш жалба) до Европскиот надзорен орган за заштита податоците([email protected]) доколку сметаш дека контролорот на податоци со обработката на твоите лични податоци ги повредил твоите права според Регулативата (ЕУ) 2018/1725.

 
10.    КАДЕ ДА СЕ ПРОНАЈДАТ ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ?

Службеникот за заштита на податоците(СЗП) на Комисијата го објавува регистарот на сите документирани и пријавени постапки на обработка на лични податоци кои ги спроведува Комисијата. Можеш да пристапиш кон регистарот преку следната врска: http://ec.europa.eu/dpo-register. 

Оваа посебна постапка за обработка е вклучена во јавниот регистар на службеникот за заштита на податоците(СЗП) под следнио број на запис: DPR-EC-00371.3.

OSZAR »